Пентагон: Постапките на Русија бараат и воен одговор

Шефот на американското министерство за одбрана Ештон Картер изјави дека економските санкции против Русија не влијаат на политиката на Москва спрема Украина, пренесува „Ројтерс“.

Шефот на американското министерство за одбрана Ештон Картер изјави дека економските санкции против Русија не влијаат на политиката на Москва спрема Украина. Според него, Америка на украинската криза треба да реагира како политички, така и воено.  

Картер го изјави ова во Штутгарт на конференцијата на која присуствуваа американски амбасадори во европските земји и генерали кои командуваат со американските трупи ширум светот. Како што пренесува „Ројтерс“, една од главните теми на конференцијата било разгледувањето на ефикасноста на западните санкции спрема Русија.

Според Картер, реакцијата на западните земји на украинската криза треба да биде не само политичка, туку и воена.   

„Сега е јасно дека санкциите функционираат во сегментот кој се однесува на руската економија“, изјави Картер за новинарите во Вашингтон по конференцијата. „Меѓутоа, не е знае дали тоа ќе го задржи Владимир Путин да не ја спроведува политиката што ја покажа на Крим минатата година“.

Американскиот министер за одбрана истакна дека на конференцијата во Штутгарт не била донесена никаква одлука, но биле разгледувани чекори кои американската војска би можела да ги преземе со цел регулирање на ситуацијата во Украина. Според зборовите на Картер, тоа би се однесувало на активирање на програмата за обука на војници уште и во некои европски земји.

Картер е познат како еден од поборниците на идејата за испорака на Украина на американско смртоносно оружје за борба против доброволците на самопрогласените народни републики.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња