Министерството за одбрана на РФ објави промотивен спот за руската војска

Министерството за одбрана на Русија објави на Јутјуб промотивно видео кое покажува елементи од воените вежби на различни видови војска.

Министерството за одбрана на Русија објави на Јутјуб промотивен спот за руската војска. Видеото покажува елементи од воените вежби на различни видови војска. „Мир и слобода. Храброст и добрина. Сѐ изгледа едноставно, ако е вистинито. Кога си над стравот, побрз од звукот, давајќи ги последните атоми на силата, преку границата на можното. Да се биде храбар значи да се мисли, силен значи со силен дух. За нас безбедноста значи акција“, гласи текстот на спотот.

На страницата на Министерството за одбрана на РФ на Твитер исто така се наведува дека на меѓународниот форум „Армија 2015”, што ќе се одржи во Подмосковје од 16 до 19 јуни, Вооружените сили на Русија ќе ги демонстрираат своите способности.

Претходно на Јутјуб се појави реклама за руската војска наменета за регрутите под наслов „Ова е првиот ден од твојот живот“.

Во 2014 година Министерството за одбрана издвои 24,5 милиони рубли за мониторинг на медиуми и блогови, пишува порталот „Државни набавки”. Една година претходно министерството намени 25 милиони рубли за рекламна кампања за професионалната воена служба. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња