Лавров: Истрагата за падот на малезискиот авион мора да биде независна

Русија се залага за детална и независна истрага за падот на малезискиот авион во Украина, пишува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Русија, а пренесува РИА „Новости”.

Русија се залага за детална и независна истрага за падот на малезискиот авион во Украина, која ќе биде строго во склад со Резолуцијата 2166 на Советот за безбедност на ООН и според правилата на Меѓународната организација за цивилна авијација, пишува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Русија, а пренесува РИА „Новости”.

Како што е објавено во МНР Русија, на 5 јуни се одржаа преговори меѓу министрите за надворешни работи на РФ и Холандија Сергеј Лавров и Берт Кундерс.

„Лавров истакна дека Русија се залага за сеопфатна, детална и независна истрага на авионската несреќа во Украина, која ќе се води исклучително во согласност со Резолуцијата 2166 на Советот за безбедност на ОН и според правилата на Меѓународната организација за цивилна авијација“, пишува во документот.  

Оваа резолуција предвидува прекин на сите воени судири во регионот каде што се случи авионската несреќа, обезбедување на местото на катастрофата, како и безбедност на учесниците во меѓународната истрага.

Руските експерти на 2 јуни го презентираа извештајот за падот на малезискиот авион во кој се вели дека несреќата во Украина била предизвикана од противвоздушна наведувана ракета. Еден ден подоцна Истражниот комитет на Русија го откри идентитетот на клучниот сведок во истрагата за оваа авионска несреќа

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.