Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Русија не претставува воена закана за ниедна земја-членка на Алијансата, пренесува ТАСС.
„Сведоци сме на голема неизвесност, неодреденост и растечка загриженост. Сепак, јас не гледам непосредна закана од Исток за ниту една држава на НАТО“, изјави Столтенберг.
Тој додаде дека односите меѓу Москва и Алијансата во иднина можат да се подобрат. „Наша цел е соработка со РФ и тоа е во интерес на НАТО и Русија“, истакна генералниот секретар на Алијансата.
„Алијансата е подготвена да ги заштити сите свои членки од која било закана. Знаеме дека заканите можат да бидат во секаков облик. Првпат во историјата Членот 5 беше применет како одговор на терористичкиот напад на 11 септември 2001 година во САД. Тоа значи дека принципот „сите за еден, еден за сите“ од Членот 5 е применлив во однос на сите видови закани. Кибер-војувањето може да предизвика иста реакција кај НАТОˮ, рече Столтенберг.
Тој додаде дека Алијансата мора подобро да ги разбере процесите кои се случуваат во светот, како и да ги зголеми активностите поврзани со собирање на разузнавачки податоци, за да биде подготвена да одговори на сите закани.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче