Претседателот на Украина Петро Порошенко на својата Твитер страница напиша дека Русија во својот империјалистички жар немилосрдно го уништува населението на Донбас.
„Москва врши вистински геноцид над граѓаните на Украина кои зборуваат руски и во својот империјалистички жар немилосрдно го уништува населението на Донбас“, напиша во четвртокот, 11 јуни, Порошенко на својата Твитер-страница, а пренесува „Взгљад”.
Украинскиот претседател исто така напиша дека „за време на руската агресија од раката на агресорот загинале над 1,7 илјади украински војници-херои и над 6,4 илјади цивили“.
Во најновиот извештај на ООН се наведува дека 6,4 илјади луѓе загинале за време не вооружениот конфликт во Донбас. Освен тоа, според на оваа организација, од моментот на потпишување на Минската спогодба на југоистокот на Украина загинале над 400 лица.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче