Обама на самитот на Г-7 „ќе апелира ЕУ да ги заостри санкциите против Русијаˮ

Американскиот претседател Барак Обама ќе разговара со лидерите на Европската унија за проширување на санкциите против Русија во текот на претстојниот самит на Г-7 во Германија, пренесува ТАСС.

Американскиот претседател Барак Обама ќе разговара со лидерите на Европската унија за проширување на санкциите против Русија во текот на претстојниот самит на Г-7 во Германија, соопшти директорот на Советот за национална безбедноста на САД за европски прашања Чарлс Капчан, пренесува ТАСС.

„Претседателот во текот на разговорите со лидерите на ЕУ ќе го разгледа прашањето за проширување на европските санкции против Русија кон крајот на месецот. На средбите ќе се разговара и за притисоците кои САД и Европа можат да ги извршат врз Москва. Обама, исто така, ќе го постави и прашањето за Минската спогодба“, рече Капчан.

Според неговите зборови, страните во конфликтот се наоѓаат далеку од целосна имплементација на Минската спогодба. „Изминативе денови бевме сведоци на насилство кое продолжува на истокот на Украина. Тешката воена техника не се повлекува од границите“, изјави Капчан, додавајќи дека Русија продолжува да ја зголемува испораката на оружје за бунтовниците.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња