Канцеларката на Германија Ангела Меркел изјави дека продолжувањето на соработката со Москва е неопходно во врска со низа клучни меѓународни прашања, истовремено истакнувајќи дека учеството на Русија на самитот на Г-7 во моментов е незамисливо.
„Се разбира, ние треба и сакаме да соработуваме со Руската Федерација“, истакна таа, пренесува агенцијата ТАСС. „При решавањето на некои конфликти, на пример, во Сирија, ние не можеме без Русија. Затоа јас одржувам односи со Владимир Путин.“
Коментирајќи го претстојниот самит на Г-7 во Германија, Меркел соопшти дека „учеството на Русија на самитот во моментов е незамисливо“. „Групата седум е група држави кои ги споделуваат демократските вредности и врховното владеење на правото“, истакна канцеларката. „За преговори на пошироко ниво постои форматот Г-20“.
Претходно министерот за надворешни работи на Франк-Валтер Штајнмаер изјави дека се залага за што побрзо враќање на Русија во состав на Г-8, истакнувајќи дека на Западот му е потребна Москва за решавање на конфликтите во Сирија и Ирак. Тој исто така изјави дека Русија треба да преземе чекори кои би ѝ го отвориле патот кон Г-8.
Претходно поранешниот канцелар на Германија Герхард Шредер изјави дека одлуката рускиот претседател да не биде повикан за самитот на Г-7 во Баварија е погрешна.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче