Русија е способна самата да се нахрани и тоа е докажано во периодот по воведувањето на санкциите против РФ од страна на Западот, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев.
„Претходните 10 месеци ја покажаа најважната работа од моментот на воведувањето на економските мерки, а тоа е дека Русија е способна самата себеси да се прехрани“, изјави Медведев, а пренесува РИА „Новости”.
„Се разбира, со тоа мораат да се носат и оние кои би сакале да соработуваат со нас, како и оние кои поради режимот на санкции испуштаат значителни можности на рускиот пазар“, смета рускиот премиер.
Тој додаде дека одлуката на Русија за продолжување на рестриктивните мерки спрема земјите на Западот, кои се воведени како одговор на санкциите, зависи од западните земји. Според неговите зборови, постапките на Западот покажуваат дека тој не тежнее кон укинување на санкциите, но и дека Русија никого нема да моли да се врати на нејзиниот пазар.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче