Викиликс: САД и ЕУ формираат противтежа на БРИКС

Викиликс објави 17 тајни документи за затворените трговски преговори во рамките на Транстихоокеанското партнерство меѓу САД, Европската унија и 23 членки на Светската трговска организација.

Викиликс објави 17 тајни документи за затворените трговски преговори во рамките на Транстихоокеанското партнерство меѓу САД, Европската унија и 23 членки на Светската трговска организација.

Објавените материјали, како што се наведува, се поврзани со преговорите за Спогодбата за Трговија со Услуги - СТУ (Trade in Services Agreement - TiSA), кои се одржуваат зад затворени врати од 2013 година. Учесници во преговорите се членки на Светската трговска организација, а меѓу нив се САД, земјите на ЕУ, Турција, Мексико, Австралија, Пакистан и Израел, пренесува „Русија денес“ (Russia Today).

Според податоците со кои располага Викиликс, економиите на овие земји составуваат две третини од светскиот БДП. Сферата на услуги „изнесува околу 80% од економиите на САД и ЕУ“, а дури и во земјите во развој, како што е Пакистан, сферата на услуга изнесува 53% од економијата“.

Се наведува дека многу земји, меѓу кои и членки на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република), не учествуваат во преговорите во рамките на СТУ. Целта на СТУ е зголемување на притисокот и создавање на противтежа на БРИКС.  

Објавувањето на овие тајни документи претставува најголемо протекување на информации за СТУ. Земјите кои ја потпишале оваа спогодба дефакто предаваат дел од својата економија под контрола на СТУ. Одредбите на СТУ овозможуваат да се регулираат сите облици на трговски и нетрговски услуги. Под нејзина јурисдикција ќе премине целокупната социјална сфера, сферата на услуги, во која спаѓаат водоснабдувањето и енергетиката, сообраќајот, банкарскиот сектор, осигурувањето, телекомуникациите, системот за транспорт на гас и др.

Директорот на невладината организација за заштита на човековите права „Глобална правда сега“ (Global Justice Now) Ник Дирден изјави дека ова протекување на информациите „го зголемува стравот што се однесува на опасноста која СТУ ја претставува за животно значајните јавни услуги“.

„Ова е црна страница во историјата на демократијата, кога можеме само со помош на ваква протекување на информациите да бидеме во тек со она што нашите влади го спроведуваат како радикално реструктуирање на нормативно-правната основа во сферата на јавните услуги“, изјави борецот за човекови права. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња