Руската компанија ПејНет продолжува да ја шири својата мрежа на Балканот. Нејзината најнова инвестиција ПејНет Македонија (PayNet Macedonia) го носи на пазарот најсовремениот систем за брза и ефикасна наплата на сметки преку платежен терминал. Мрежата на терминали веќе е поставена и системот функционира 24 часа дневно, 365 дена во годината.
Како што информираа од компанијата, преку терминалите за брза наплата ќе може да се плаќаат сметките за водовод и канализација, радиодифузна такса, мобилната и фиксна телефонија, за кабловска телевизија и интернет од операторот One и од Blizoo, како и за плаќање на јавни давачки – такси, казни и даноци.
Терминалите на ПејНет веќе се поставени во централните градски подрачја, а подоцна ќе бидат поставени и во руралните области.
ПејНет овозможува плаќање првенствено со готовина директно на терминалот, но се нуди опција и за безготовинско плаќање. Најголемиот дел од услугите се без провизија.
Концептот за брза наплата преку терминали најпрвин е воспоставен во Русија во 2000-2001 година. Денес, оваа индустрија во Русија вбројува над 1 милион платежни терминали преку кои се процесираат повеќе од 3.500 различни услуги. Освен во Русија, терминалите за брза наплата се популарни и во повеќе од 15 земји, а овој концепт во последниве 5 години е присутен и во регионот, односно во Бугарија и во Србија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче