Вицепремиерот на руската влада Дмитриј Рогозин изјави дека Русија ја „преспа“ револуцијата на беспилотните летала и е принудена да ита на технолошки план.
„Реално, има револуционерен напредок за кој е гревота ако се пропушти. Да речеме, дроновите не ги забележавме, „ја преспавме“ таа револуција во воената сфера. Сега таа револуција премина во цивилно производство. А ние сме принудени да итаме, да создаваме роботизирани системи“, изјави Рогозин, настапувајќи на меѓународниот форум „Технопром“, пренесува ТАСС.
Рогозин истакна дека секој производител работи на моторите и системите за врска на беспилотните системи.
„Исходот е многу напор, а никаков резултат. Ние ја „преспавме“ технолошката револуција. Сега може да се каже дека сме сведоци на нова индустриска револуција“, смета вицепремеирот.
Истовремено, според Рогозин, тоа е прашање на опстанок за Русија во современиот свет. „Технолошкиот јаз создава и социјална нееднаквост, и политичка хегемонија“, истакна тој. „Го гледаме тоа последниве месеци. Во својот обид демонстративно да се изолира и казни нашата земја, нашиот опонент се потпира на технолошки аргументи“.
Вицепремиерот истакна дека западните лидери неволно ги откриваат картите, очевидно демонстрирајќи ја својата филозофија на изградба на светот во вид на глобална пирамида на чиј врв е технолошката супериорност, што значи можност да му се свитка раката на другиот поради тоа што се поседува наведената надмоќ.
„Тоа води кон политичка неказнивост. Русија од моментот на своето формирање како единствена држава никогаш не била коцка во туѓите пирамиди. Државниот интерес останува за нас клучна вредност“, потенцираше Рогозин
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче