Путин и папата Франциско ќе се сретнат на 10 јуни

Претседателот на Русија Владимир Путин во текот на својата посета на Италија ќе се сретне со поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциско, соопшти заменик-раководителот на службата за информирање на Светата столица Ќиро Бенедетини.

Претходно во четвртокот, 4 јуни, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков соопшти дека се „анализира можноста за таква средба“, пренесува РИА „Новости“.

Претходно беше соопштено дека Путин планира да ја посети Италија, помеѓу другото и рускиот павилјон на изложбата „ЕКСПО“ во Милано. Исто така, планирани се и контакти на шефот на руската држава со италијански претставници. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња