Индија, Кина и другите странски партнери се заинтересираа за купување на новата руска техника која беше претставена на парадата по повод 70-годишнната од Победата во Втората светска војна, изјави за „Известија“ помошникот на претседателот на РФ за воено-техничка соработка Владимир Кожин.
„Интерес има, техниката е нова, скапа е. Во голема мера тоа се нашите традиционални партнери: Индија, Кина и Југоисточна Азија“, ги цитира изданието зборовите на Кожин.
Весникот истакнува дека станува збор пред сѐ за пешадиското борбено возило и тенкот „Армата“
Весникот, повикувајќи се на функционерот, објасни дека новата техника претставена на парадата „пред сѐ ќе стапи во руските Вооружени сили, и само во перспектива ќе се испорачува на армии на други држави“.
„Засега на странските нарачатели им одговара руската техника која се испорачува според тековните договори“, истакнува изданието.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче