Русија го откри идентитетот на главниот сведок во случајот со рушењето на малезискиот „Боинг“

Истражниот комитет на Русија соопшти дека поранешниот механичар на Военото воздухопловство на Украина Евгениј Агапов е клучниот сведок во истрагата за падот на малезискиот „Боинг“ во Донбас, беше соопштено на сајтот на Истражниот комитет на РФ, а пренесува „Взгљад“.

Во истражниот комитет на РФ рекоа дека Агапов дал изјава за падот на авионот, како и дека претходно доброволно дошол од Украина во Русија и изразил желба да соработува со истрагата. За сведокот е обезбедена државна заштита на територијата на Русија. Неговите искази детално биле проверени од истрагата, а бил ставен и на полиграф.

„Со оглед дека се појавуваат нови докази кои ги потврдуваат исказите на сведоците, а и во медиумите сѐ повеќе се шпекулира за тоа, решивме да го откриеме неговиот идентитет. Сведокот е украинскиот државјанин Евгениј Агапов кој работел како механичар во првата ескадрила на тактичката авијациска бригада на украинските воздушни сили“, изјави портпаролот на Истражниот комитет на Русија Владимир Маркин.

Во вторникот, 2 јуни, конзорциумот „Алмаз Антеј“ ги објави резултатите од истрагата во која се наведува дека малезискиот авион е соборен со ракета „Бук-М1“ од територија која во моментот на трагедијата била под контрола на киевските сили.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња