Рогозин: Поради јазот меѓу Украина и Русија ние не можеме да градиме нови бродови

Руските стручњаци не можат да изградат нови воени бродови поради прекинот на испораката на агрегати за гасните турбини од Украина, изјави потпретседателот на руската влада Дмитриј Рогозон, пренесува РИА „Новостиˮ.

Руските стручњаци не можат да изградат нови бродови за потребите на Воената морнарица поради прекинот на испораката на агрегати за гасните турбини од Украина, изјави потпретседателот на руската влада Дмитриј Рогозон, пренесува РИА „Новостиˮ.

„Кога станува збор за вооружувањето и воената техника, ние заменуваме 186 производи. Пред сѐ тоа се гасните турбини, чие производство историски се наоѓа на територијата на Украина. Поради тоа ние не можеме да градиме бродови за Воено-поморската флота на Русија“, изјави Рогозин.  

Претходно беше соопштено дека во тек е реализација на програмата за замена на овие мотори од увоз. Според планот, Русија би требало до 2018 година да започне со свое производство на гасни турбини.

Говорејќи за зависноста на руската одбрана од државите на ЕУ и НАТО, Рогозин наведе дека се работи за 640 единици различна опрема и делови. „Станува збор најмногу за оптика и електроника. Роковите за увоз и кај овие производи се многу ригорозниˮ, истакна  потпретседателот на руската влада.

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук на 20 мај изјави дека Украина ја прекинува воено-техничката соработка со Русија. Претседателот на Украина Петро Порошенко уште минатата година потпиша указ со кој се забранува извоз на производи за воена намена во Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња