Кремљ ја нарече изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел за анексијата на Крим „лоша проценка“.
„Госпоѓа Меркел во нејзината изјава направи една терминолошка грешка, го употреби зборот „анексија“ наместо присоединување. Ние веруваме дека тоа е погрешна дефиниција, ние зборуваме за повторно обединување на Крим и Русија кое беше на доброволна основа“, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
Тој ја повтори дека одлуката била донесена од законодавно тело кое било легитимно, вклучително и според тогашното важечко украинско законодавство. „Поради ова, веруваме дека терминот „анексија“ не може да биде употребен овде во никој случај, веруваме дека тоа е погрешно“, изјави Песков.
Песков исто така ги негираше изјавите на германската канцеларка дека присоединувањето на Крим кон Русија претставувало закана за светскиот поредок. „Закана за светскиот поредок и поредокот во Европа немаше од Крим, туку повеќе од моментот кога демократската и просперитетна Европа ја благослови насилната промена на власта во една од европските држави, поточно во Украина. Тоа стана клучен момент за европскиот и светскиот поредок“, изјави Песков.
Истовремено, тој изјави дека постои решение за сегашната тешка ситуација во односите меѓу Русија и Европа. „Секогаш постои решение“, изјави тој.
Претходно, германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека денес најголеми светски закани за светскиот и европскиот поредок се Русија, Еболата и „Исламската државаˮ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче