Иран размислува за користење на „Турски тек“ за испорака на гас во Европа

Иранските власти ја разгледуваат можноста за користење на гасоводот „Турски тек“ за испорака на својот гас во Европа, изјави директорот за меѓународни односи на Иранската национална гасна компанија Азизолах Рамазани, пренесува РИА „Новости“.

Иранските власти ја разгледуваат можноста за користење на гасоводот „Турски тек“ за испорака на својот гас во Европа, изјави директорот за меѓународни односи на Иранската национална гасна компанија Азизолах Рамазани, пренесува РИА „Новости“.

Според неговите зборови, иранскиот гас во некоја етапа би можел да стигне до „Турски тек“. Меѓутоа, засега не се одвиваат никакви преговори. „Би можело да биде добра идеја да се започнат преговорите, затоа што точката во која рускиот гасовод преку турскиот гасовод доаѓа до Европа може да биде истата до која би можел да стигне иранскиот гас за Европа. Затоа би можеле да почнат преговорите“, изјави Рамазани.

Според неговите зборови, би можел да се искористи турскиот дел од гасоводот или дури и делницата што поминува под Црното море. „На пример, Иран поминува низ Турција, или под Црното море за да му се приклучи на турскиот гасовод. Другите маршрути исто така можат да бидат разгледани, но можеби најдобрата маршрута е овој проект во Турција“, изјави тој.

Засега, според неговите зборови, иранските власти разгледуваат пет-шест маршрути за транспорт на сопствениот гас во европските земји. „Едната води, евентуално, преку Турција, втората можност е преку Црното море, третата низ Ирак, Сирија и Средоземното море. Но овие патишта треба да бидат проучени  во склад со правилата. Неопходно е да се проучи економската исплатливост и да се избере најдобрата маршрута“, изјави  Рамазани.

Тој истакна дека ова прашање веќе се разгледува, но дека одлуката може да биде донесена дури кога клиентите, Европејците, би можеле да склучат договори, т.е. по укинувањето на санкциите за Иран.

Погодбата за конечното регулирање на иранската нуклеарна програма треба да биде завршена на 30 јуни.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња