Европскиот парламент донесе одлука, како одговор на руската „црна листа“, да му го ограничи пристапот во европското собрание на постојаниот претставник на Русија Владимир Чижов, соопшти прес-службата на претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц, пренесува РИА „Новости“.
„Европскиот парламент му го ограничува слободниот пристап во собранието на постојаниот претставник на РФ и на уште еден дипломат“ се наведува во соопштението на оваа европска институција.
Списокот со имињата на европските политичари на кои им е забранет влез во Русија беше објавен од европските медиуми на 30 мај. Руските власти на доверлива основа го доставија списокот до Европската унија, а информациите веднаш потекоа во медиумите. Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави дека ЕУ со тоа ги прекршила етичките норми, дозволувајќи „црната листа“ да се најде во рацете на новинарите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче