Официјалната позиција на Русија во скандалот околу претседателот на ФИФА Сеп Блатер е само продолжение на континуираната критика на политиката на Вашингтон кој се стреми да ја прошири својата јуриздикција врз сите земји во светот, пишува уредникот на „Државен интерес“.
Авторот укажува дека фактот што Владимир Путин застана во заштита на претседателот на ФИФА Блатер „не предизвикува зачуденост“.
Од гледна точка на аналитичарот, тоа е очекувано продолжение дека „руската држава ќе стори сѐ што е можно да ги заштити и поддржи своите пријатели“.
Притоа САД претпочитаат „да се откажуваат од услугите на ним лојалните дејци кои се нашле во проблематична ситуација“, се истакнува во статијата.
„Путин сака да испрати јасен сигнал, како и во текот на последниве 15 години, дека Кремљ ќе се грижи за оние кои ги поддржуваат неговите интереси“, пишува авторот, наведувајќи ја како пример руската поддршка за претседателот на Сирија Башар ал-Асад или именувањето на Герхард Шредер на местото прв човек на гасниот конзорциум „Северен тек“ откако заврши неговиот мандат како канцелар на Германија.
„Американските чиновници ги гледаат обвинувањата против ФИФА како пример за американското лидерство во борбата против корупцијата во целиот свет и очекуваат и другите земји да ги поддржат напорите на САД во таа насока. Путин го користи ова како доказ дека Вашингтон продолжува да воспоставува правила на однесување за останатиот дел на светот“, заклучува уредникот на „Државен интерес“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче