Лавров: Вклучувањето на САД во „Нормандискиот формат“ би можело да го дестабилизира мировниот процес во Украина

Проширувањето на „Нормандискиот формат“ и вклучувањето на Вашингтон би можело да го дестабилизира мировниот процес во Украина, смета министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.

Проширувањето на „Нормандискиот формат“ и вклучувањето на Вашингтон би можело да го дестабилизира мировниот процес во Украина, смета министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.

„Ако сите учесници на контакт-групата во „Нормандиски формат“ сакаат да го променат составот на групата, ние нема да имаме против. Но сметам дека Американците знаат дека целиот процес е толку деликатен што секој „новајлија“ би можел да го наруши“, изјави Лавров, соопшти агенцијата „Блумберг“.

Освен тоа, Лавров изјави дека Русија и САД се договориле да го задржат отворен билатералниот канал за дијалог со Украина.

„Се договоривме редовно да одржуваме контакти меѓу Москва и Вашингтон, за да ги размениме нашите оценки и да видиме како можеме да влијаеме на страните во конфликтот со цел да поттикнеме целосна имплементација на Минската спогодба“, изјави министерот.  

Во истото интервју шефот на руската дипломатија изјави дека односите меѓу Москва и Вашингтон не се „ресетирани“, но дека страните водат прагматичен и реалистичен дијалог. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.