Лавров ја обвини ЕУ за кршење на етичките норми поради објавувањето на „црната листаˮ

Европската унија ги прекрши етичките норми кога го објави списокот со имиња на европски политичари на кои им е забранет влез во Русија, изјави рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров, пренесува „Комсомолска правда“.

„Ние на барање на Европската унија го предадовме списокот на доверлива основа, а тој веднаш протече во печатот. ЕУ, која обично не коментира информации што протекуваат во медиумите, сега едвај го дочека тоа. Поради тоа јас овде гледам кршење на етичките норми“, изјави Лавров.

Како што истакна тој, изјавата на Европската унија за тоа дека нивната „црна листа“ е законска, а руската нелегитимна, е неодржлива.

„Би сакал да нагласам дека ние, сепак, одговоривме со иста мера на едностраниот, непријателски, од ништо непредизвикан, испровоциран гест. И го сторивме тоа после долго воздржување“, изјави рускиот министер за надворешни работи, додавајќи дека на руската „црна листа“ се нашле Европејци кои го поддржуваа превратот во Украина.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња