Грузиска политичарка: Задачата на Саакашвили е разгорување на конфликтот во Приднестровје

Грузиската политичарка Нино Бурџанаѕе изјави дека одделни американски кругови сакаат да го искористат поранешниот претседател на Грузија Михаил Саакашвили против Русија во Приднестровјето, пренесува „Взгљад“.

Поранешната претседателка на грузискиот парламент и лидер на грузиската опозициска партија „Демократско движење – Единствена Грузија“ Нино Бурџанаѕе изјави дека одделни американски кругови сакаат да го искористат поранешниот претседател на Грузија Михаил Саакашвили против Русија во Приднестровјето, пренесува „Взгљад“.

„Во Вашингтон постојат поттикнувачи и тие се од оние истите кругови кои го поттикнуваа сегашниот губернатор на Одеса во 2008 година. Некому во САД му треба санкциите против Русија да продолжат и тие луѓе се подготвени со помош на Саакашвили да вршат провокации во Одеса и Приднестровје. И исто како што во 2008 година тие кругови ја жртвуваа Грузија, така и сега заради своите интереси се подготвени да ги жртвуваат Украина и Молдавија. На тие кругови им одговараат жаришта околу Русија“, изјави Бурџанаѕе.  

Коментирајќи ја можноста местото на обвинител во Одеса да го заземе поранешниот грузиски министер за правда Зураб Адеишвили, по кого е распишана потерница, Бурџанаѕе рече дека тоа е уште еден доказ дека Украина е проект, а не самостојна држава.  

„Ист таков проект е реализиран во Грузија, и Одеса на крај ќе го добие истото што и Грузија. За какви западни вредности можеме да зборуваме?! Ќе има масовно кршење на човековите права под знамето на „борба против корупцијата“, смета Бурџанаѕе.

Таа потсети дека судот во Стразбур ги прогласи за виновни Саакашвилија и Адеишвили за убиството на банкарскиот службеник Сандро Гирвглиани во 2006 година. Како што рече таа, Саакашвили и Адеишвили манипулираа со истрагата, а тоа го призна и Европскиот суд за човекови права. „Само тој еден факт е доволен за да сфатиме сѐ во врска со нив“, истакна Бурџанаѕе.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња