Земјите на ЕУ се најдоа инволвирани во конфликтот со Русија поради напорите на Вашингтон, но самата Русија притоа не се предаде на „вазализацијата“ од страна на САД, што како краен резултат може да доведе до тоа ЕУ да ја ревидира својата „политика на трпење на зависноста од САД“, убеден е американскиот политиколог и економист Пол Крег Робертс.
„Мислам дека згрешивме во своите пресметки дека можеме да ги претвориме Русија и Кина во држави-вазали. Тие немаат намера да бидат вазали. Таквиот развој на настаните може да влијае на трпението на Европа во однос на сопствената вазална зависност од САД“, истакнува Робертс.
Тој смета дека Вашингтон ја навлече ЕУ на неоправдани ризици – „конфликтот со Русија, распадот на полезните економски односи и обнова на студената војна“.
На крајот на краиштата, од гледна точка на политикологот, европските политичари треба да се замислат „зошто Вашингтон го прави ова“ и да го сменат својот однос спрема сопствените постапки.
Освен тоа, Робертс забележува дека на „американската империја“ не ѝ треба многу. „Тоа ќе се случи ако една од европските земји излезе од составот на ЕУ или НАТО. Тоа може да биде, на пример, Грција“, смета политикологот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче