Американски инструктор им покажа на украинските војници како треба да убиваат Руси

Американските инструктори ги обучуваат украинските војници да убиваат Руси, сведочи последното видео објавено на Јутјуб.

Американските воени инструктори од 173 десантна бригада на американската војска веќе месец и половина ги обучуваат украинските војници на Јаворскиот полигон во Лавовската област. Веќе пристапија кон практични вежби со симулација на реална воена ситуација. За тоа сведочи видео-снимката од вежбите што беа поставени на Интернет од страна еден од инструкторите.  

На видеото се гледа како украинските војници, меѓу другото, под раководство на американските инструктори вежбаат гаѓање од рачни минофрлачи и автоматски пушки, пренесува „Лајфњуз“ (Lifenews).

Се гледа дека комуникација меѓу инструкторите и војниците без преведувач би била многу отежната. Стручњаците на руски и украински ги преведуваат сите забелешки, барања и пофалби на припадниците на националната гарда.

Интересно е дека на 31 мај, кога е направеа снимката, украинските војници покажал голема вештина. Американскиот инструктор ги пофалува за успешно завршената задача и додава: „Правете така со Русите“.

Припадниците на 173 десантна бригада  на САД, кои се бореа во Ирак и Авганистан, пристигнаа во Украина на 17 април 2015 година. Од украинска страна во вежбите учествуваат припадниците на баталјоните кои учествуваа во вооружените дејствија против доброволците на југоистокот на Украина: „Азов“, баталјонот „Кулчицки“, „Јагуар“ и др. Во вежбите учествуваат околу 900 украински војници и 300 американски инструктори.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња