Колумнистот на „Државен интерес“ (National Interest), експерт во областа на вооружувањето Кајл Мизоками во својата статија ги наведе трите вида руско вооружување кое раководството на Кина би требало да ги купи од Русија. Како што пренесува „ИноТВ“, авторот потсетува дека Русија останува еден од лидерите на полето на вооружувањето, како и единствената земја која ѝ продава оружје на Кина.
Мизоками смета дека зделките меѓу РФ и Кина за продажба на воена техника секогаш биле „работа во која и двете страни добиваат“: Русија добива „цврста валута“, а Кина, без непотребни трошоци и проблеми со дизајнот и конструирањето – примероци на најновите постигнувања во воено-индустриската гранка. „И додека Русија има што да продаде, овие односи во најблиска иднина нема да се сменат“, потенцира Кајл Мизоками.
Според негово мислење, сега првите три места „на списокот за купување“ Кина треба да ги подели на следниов начин: како прво, тешките борбени возила на платформата „Армата“ - тенкот Т-14 и БМП Т-15. Токму тие ќе можат да ја „трансформираат“ кинеската Народно-ослободителна армија, каде во моментов доминира тенкот „Тип 99“, за кого како прототип послужил советскиот тенк Т-72.
На второ место се ракетните системи С-400 „Триумф“. Според мислењето на експертот, системите можат за миг да уништат практични секаква воздушна закана: од крстосувачки до балистички ракети.
И најпосле, тоа се атомските
подморници од проектот 885 „Јасен“. Подморниците би можеле да станат достојна
алтернатива на процесот на создавање сопствени бродови кои засега се наоѓаат
„во фаза на изработка“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче