Во Русија отворен првиот музеј на Солженицин

Во Кисловодск во неделата, 31 мај, се одржа свечена церемонија на отворање на првиот музеј на писателот Александар Солженицин во Русија, пренесе „Интерфакс“.

Во Кисловодск во неделата, 31 мај, се одржа свечена церемонија на отворање на првиот музеј на писателот Александар Солженицин во Русија, пренесе „Интерфакс“.  

На настанот учествуваа вдовицата на лауреатот на Нобеловата награда Наталија Солженицина и режисерот Станислав Говорухин.

„Би сакал музејот да биде корисен за генерацијата што доаѓа од жителите на Кисловодск, Северен Кавказ, зашто сите корења на Александар Исаевич (Солженицин) се одовде... И среќни сме што отворањето на музејот се совпадна со празникот Света Троица, едниот од неговите омилени“, изјави Наталија Солженицина.

Говорухин од своја страна изјави дека отворањето на музејот служи како уште еден доказ за враќањето на Солженицин во татковината.  

Музејот е сместен во куќата во која писателот ги помина своите млади години. Во 2008 година со указ на претседателот на Русија куќата беше прогласена за објект на културно наследство од федерално значење, а во 2009 година стана филијала на Државниот литературен музеј.

Солженицин се родил во Кисловодск во 1918 година, а по шест години неговото семејство се преселило во Ростов-на-Дон. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња