Рускиот ракетен крстосувач „Москва“ се упати кон Средоземното море за извршување задачи во составот на постојаната формација на бродови на воено-поморската флота.
„Се очекува веќе утре крстосувачот „Москва“ да ја премине зоната на мореузот и да продолжи со извршување на задачите во составот на постојаната формација на бродовите на ВМФ на Русија во Средоземното море“, ја цитира „Интерфакс“ прес-службата на Црноморската флота.
Крстосувачот го напушти пристаништето во Севастопол под знамето на командантот на Црноморската флота вицеадмиралот Валериј Куликов.
Гардискиот ракетен систем „Москва“ спаѓа во составот на 30 дивизија на бродови. Наменет е за нанесување удари по бродови на противникот, обезбедува борбена заштита на бродските противподморнички групи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче