Песков: Русија ја достави „црната листа“ на барање на ЕУ

Русија својата „црна листа“ на европски државјани ја достави по барањето од Европската унија и партнерите сами можеа да одлучат дали ќе ја објават или не, соопшти портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Русија својата „црна листа“ на европски државјани ја достави по барањето од Европската унија и партнерите сами можеа да одлучат дали ќе ја објават или не, соопшти портпаролот на  рускиот претседател Дмитриј Песков.

„Од Министерството за надворешни работи се бараше список и министерството го достави списокот. Од друга страна, нам оваа реакција не ни е јасна. Самото постоење на овој список е факт, независно дали бил објавен или не (на крајот на краиштата, тоа е работа на нашите партнери), но тешко ни е во постојната ситуација да ја разбереме ваквата реакција на постоењето на списокот“, изјави Песков, а пренесува РИА „Новости“.  

Претходно во понеделникот, 1 јуни, претседателот на Европскиот економски и социјален комитет Андре Мало изрази жалење поради тоа што неговото име се наоѓа на списокот на лица на кои им е забранет влез во Русија.  

Претседателот на Националното собрание (долниот дом на парламентот) на Франција Клод Бартолон се закани дека ќе ја одложи посетата на француските пратеници на Москва доколку Русија не го тргне името на шефот на пратеничката група на Социјалистичката партија Бруно ле Ру од „црната листа“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња