МНР РФ: Русија има право да распореди нуклеарно оружје на Крим

Русија има право по потреба да распореди нуклеарно оружје на својата територија, вклучувајќи го и Крим, изјави директорот на одделот по прашања за неширење и контрола на вооружувањето на МНР Михаил Улјанов.

Русија има право по потреба да распореди нуклеарно оружје на својата територија, вклучувајќи го и Крим, изјави директорот на одделот по прашања за неширење и контрола на вооружувањето на МНР Михаил Улјанов.

Русија, безусловно, има право да го распореди, доколку има потреба од тоа, своето нуклеарно оружје на кое било место на својата државна територија, вклучително и на Кримскиот полуостров“, изјави Улјанов во интервју за РИА „Новости“, коментирајќи ги изјавите на шефот на дипломатијата на Украина Павел Климкин кои тој ги даде на министерската средба на НАТО во Анталија во средината на мај.

Според зборовите на Улјанов, „слична изјава“ имаше и во настапот на Климкин на Прегледната конференција на Договорот за неширење на нуклеарното оружје. „Колку што може да се разбере, тој, сметајќи го Крим за украинска територија, смета дека распоредувањето на руското нуклеарно оружје таму би нанело штета на ненуклеарниот статус на Украина. Идејата е доста интересна, во смисла дека тоа може да се смета како индиректен напад против САД, како и Белгија, Германија, Италија, Холандија и Турција, на чии територии се наоѓа нуклеарно оружје на САД. По логиката на украинскиот министер, ова е директна повреда на ненуклеарниот статус на наведените европски земји. Јас нема да го оспорам тоа, но јас ќе кажам дека во случајот со Крим, се разбира, работата е поинаква“, - рече Улјанов.

Тој исто така рече дека системот за противракетна одбрана останува главен предизвик во американско-руските односи. Според него, „ако распоредувањето на оружје во вселената – се разбира дека тоа нема да се случи утре, иако ситуацијата постепено води кон тоа, тогаш ПРО се распоредува сега, континуирано, во строга согласност со плановите."

„Нашата позиција за ова прашање беше искажана многупати. Нам ни се потребни сигурни гаранции за она што ни го кажуваат усно на секој агол – дека тие системи не се насочени против руските сили за нуклеарно задржување. Но, засега ни кажуваат дека таквите гаранции не може да се стават на хартија и дека со Русија или без неа, тој систем ќе биде создаден“, рече Улјанов.

Улјанов, исто така, рече дека заедничките нуклеарни мисии на НАТО треба веднаш да престанат, тие се директно кршење на Договорот за неширење на нуклеарно оружје.

Според него, земјите од Алијансата во разговорите на оваа тема „се повикуваат на наводниот договор од 60-тите во врска со ова“.

„Имаме многу непознати околу ова. Русија самата го повлече своето нуклеарно оружје на територијата на државата, и смета дека така треба да постапат и САД и, благо речено, сомнителните „заеднички нуклеарни мисии“ треба веднаш да се прекинат“, рече Улјанов.

Претходно, министерот за надворешни работи на Украина Павел Климкин изјави дека Русија за помалку од една година го претворила Крим „во модерна воена база, подготвена да распореди нуклеарно оружје“.

Во април, портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков изјави дека Русија не му се заканувала на Западот со употреба на нуклеарно оружје за заштита на Крим.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.