МНР на Велика Британија: „Црната листа“ нема да ја спаси Русија од санкциите

Русија со помош на составување „црни листи“ со граѓани на Европската унија нема да постигне санкциите да бидат укинати, се наведува во соопштението на Форин Офисот, пренесува РИА „Новости“.

Русија со помош на составување „црни листи“ со граѓани на Европската унија нема да постигне санкциите да бидат укинати, се наведува во соопштението на Форин Офисот.   

Претходно висок претставник на МНР Русија потврди дека на земјите на Европската унија им е испратен список со лица на кои им се забранува влез во Русија. 

„За овој список не постои воопшто никакво оправдување. Руските власти не ни дадоа никакви аргументи за овој список и за имињата кои се наоѓаат на него. Ако Русија смета дека ваквите постапки ќе предизвикаат промена на ставот на ЕУ, се лаже. Русија може да постигне укинување на санкциите ако ги повлече своите единици од Украина и ги испочитува обврските што ги презеде во рамките на Минската спогодба. ЕУ и членките на ЕУ по итна постапка се обидуваат од руските власти да добијат поголем увид во оваа одлука“, се наведува во соопштението на британското Министерство за надворешни работи, пренесува РИА „Новости. 

Меѓу британските граѓани на кои им е забранет влез во Русија, според информациите на западните медиуми, се најдоа потпретседателот на владата Ник Клег, поранешниот министер за надворешни работи Малколм Ридкинд, како и неколку чиновници од британското министерство за одбрана. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња