Лавров: Русија за една година прими еден милион бегалци од Украина

Во текот на изминатите година дена Русија прими околу еден милион бегалци од Украина, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров по средбата со италијанскиот колега Паоло Џентилони.

Во текот на изминатите година дена на територијата на Русија дојдоа околу еден милион бегалци од Украина, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров по средбата со италијанскиот колега Паоло Џентилони кој е во дводневна посета на Москва.  „Сакам да укажам на тоа дека Русија е втора земја во светот по САД по бројот на примени имигранти. Во текот на последните година дена ние, што се однесува на Украина и бегалците од Донбас, примивме еден милион души“, изјави шефот на руската дипломатија, а пренесува РИА „Новости“.

Федералната миграциска служба на Русија во мај соопшти дека од 1 јули 2014 година, статус на бегалци добиле 325 илјади принудно раселени лица од Украина.  

Во периодот од 1 април 2014 година на територијата на Русија влегле и до 31 март 2015 година не ја напуштиле над 953 илјади граѓани од југоистокот на Украина.

На територијата на 71 субјект на Руската Федерација отворено е 455 пунктови за привремено сместување во кои се сместени 28,8 илјади души, меѓу кои има над 9 илјади деца до 18-годишна возраст. Во приватно сместување има речиси 489 илјади лица.

Денеска и Обединетите нации објавија дека во конфликтот на истокот на Украина од средината на април минатата година животот го загубиле 6417 лица. Тоа е наведено во десеттиот извештај на мисијата за мониторинг на Канцеларијата на високиот комесар на ОН за човекови права.

„Во периодот од средината на април 2014 година до 30 мај 2015 година најмалку 6417 лица, вклучувајќи 626 жени и девојчиња, се регистрирани за загинати, 15962 лица како ранети во зоната на конфликт на истокот на Украина. Тоа се скромни податоци, додека реалните бројки би можеле да бидат значително поголеми“, се наведува во извештајот.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња