Санкциите против Русија ѝ штетат на италијанската економија

„Кога Минската спогодба ќе биде реализирана во полна мера, ЕУ ќе биде подготвена да го ревидира режимот на ограничувања“, изјави министерот за надворешни работи на Италија Паоло Џентилони.

Санкциите воведени од ЕУ и поддржани од Италија во однос на Русија ѝ штетат на италијанската економија. Вакво мислење во ексклузивното интервју за ТАСС искажа министерот за надворешни работи на Италија Паоло Џентилони кој престојуваше во дводневна посета на Москва.  

„Санкциите подеднакво им штетат и на оние кои ги воведуваат, и на оние против кои се воведуваат. Се разбира, од нив настрада и италијанската економија но треба да се има предвид политичкото значење на санкциите, а не само нивните економски последици“, објасни Џентилони. Истовремено тој потсети дека во основата на санкциите воведени од ЕУ нивниот реципроцитет. „Кога Минската спогодба ќе биде реализирана во полна мера, ЕУ ќе биде подготвена да го ревидира режимот на ограничувања“, истакна италијанскиот министер.

Според него, ЕУ остана без гасоводот „Јужен тек“ во кој италијанската енергетска компанија ЕНИ беше партнер на „Гаспром“ не поради европските санкции. „Од своја страна ние секогаш сметавме дека диверзификацијата на изворите на испорака на енергенси и маршрутите на гасоводите и нафтоводите се најдобра гаранција на енергетската безбедност“, изјави министерот.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.