Русија во најскоро време ќе формира сили за брза реакција на темелите на воздушно-десантните сили, изјави за „Интерфакс“ во саботата командантот на ВДВ, генерал-полковник Владимир Шаманов.
„Русија планира да создаде сили за брза реакција чија основа ќе ја сочинуваат воздушно-десантните сили кои се способни да дејствуваат како самостојна оперативна група, и во состав на оперативна група на Копнените сили“, изјави Шаманов.
Според него, формирањето на силите за брза реакција е поврзано со тоа што во денешно време борбените дејствија нема да се одвиваат на фронтови со вклучување на голем број на трупи.
„Во врска со ова планираме составите на нашите дивизии (кои во денешно време се состојат до два полка) да ги зголемиме до три полка во состав на секоја воздушно-десантна и десантно-јуришна дивизија“, изјави Шаманов.
Командантот на ВДВ истакна дека во денешно време први чети на баталјоните на дивизиите на ВДВ се разузнавачко-извидувачките. „Тоа ни овозможува на повеќе различни етапи да го откриваме противникот со помош на единиците за извидување и разузнавање, како и со беспилотни летала и да нанесуваме превентивни удари по противникот“, истакна генералот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче