По реизборот на Сеп Блатер на местото претседател на ФИФА, објавено е дека Русија во 2016 година ќе добие 185 милиони долари за подготовките за Светското првенство во фудбал. Според пишувањето на „Дојче Виртшафтс Нахрихтен“, Блатер на овој начин им се „одмаздува“ на САД поради нивниот обид да го тргнат од местото претседател, но истовремено ѝ се заблагодарува на Русија за поддршката, пренесува РИА „Новости“.
„Со ваквиот гест ФИФА ѝ се заблагодарува на Русија за поддршката за Сеп Блатер. Претседателот Путин ги критикуваше апсењата во Цирих, коментирајќи дека Американците организирале своевиден пуч против ФИФА“, се наведува во изданието.
Како што пишува весникот, причина за таквото делување на САД се и добрите односи на оваа организација со Русија. Освен тоа, САД веќе одамна се загрижени за организацискиот принцип на ФИФА кој се заснова на идејата за мултиполарност, смета германскиот весник.
„ФИФА е една од малубројните меѓународни организации која не ја усогласува својата финансиска активност со САД. Како и ММФ и Светската банка, ФИФА одвојува пари за бројни проекти ширум целиот свет. Меѓутоа, за разлика од овие големи финансиски институции, во ФИФА Американците не играат одлучувачка улога“, пишува германскиот весник.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче