Воено-поморската флота на Русија планира до 2027 година да изгради перспективен носач на авиони, изјави началникот на Управата за изградба на бродови на воено-поморската флота на РФ Владимир Трјапичников, соопшти РИА „Новости”.
Според неговите зборови, проектирањето на голем десантен брод, аналог на францускиот „Мистрал“, е во завршна фаза.
„Планираме до 2026 или 2027 година да имаме брод кој ќе го замени сегашниот носач на авиони „Адмирал Кузнецовˮ, изјави Трјапичников.
Тој потсети дека Русија гради десантни бродови од прва и втора класа, како што се „Иван Рогов“ и „Москаленкоˮ, со комора во која можат да се сместат други пловила, како на пример десантни бродови.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче