Рускиот претседател Владимир Путин испрати телеграма со честитки до Сеп Блатер по повод неговиот реизбор за претседател на ФИФА, соопшти портпаролот на претседателот Дмитриј Песков.
„Путин рече дека е убеден дека стручноста, професионализмот и високиот авторитет ќе му помогнат на Блатер да продолжи со експанзијата на фудбалската географија и популарност ширум целиот свет“, изјави Песков.
„Претседателот уште еднаш нагласи дека Русија е заинтересирана и подготвена за соработка со ФИФА во целост и особено во подготовката за организацијата на Светското првенство 2018“, рече Песков.
„Русија има намера да стори сѐ што е можно за успешна организација на овој настан, како и за популаризација на фудбалот и зголемувањето на мултимилионската армија на љубители на овој спорт“, изјави Песков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.