Медиуми: Русија ѝ ја предаде на ЕУ својата „црна листа“

Возвратните санкции на Москва се однесуваат на 89 европски политичари, воени лица и општествени дејци, од кои најголем дел се од балтичките земји, Полска, Швајцарија и Велика Британија, пишува „Комерсант“.

Москва им го предаде на амбасадите на земјите на ЕУ списокот со официјални лица на кои им е забранет влез на територијата на Руската Федерација, соопшти весникот „Комерсант“.   

На руската листа се наоѓаат 89 лица, меѓу кои се членови на Европскиот парламент, високопоставени воени лица, припадници на безбедносните и разузнавачките структури и  општествени дејци. Мнозинството од нив се државјани на балтичките земји, Полска, Швајцарија и Велика Британија.

„Москва воведе санкции против европски политичари, функционери и воени лица како одговор на аналогните рестрикции донесени од ЕУ минатата година поради конфликтот околу Украина“, истакнува весникот.

Руската страна засега не ја објави својата црна листа, меѓутоа, според информациите на германските и финските медиуми, на 27 мај МНР РФ ја испратил листата во претставништвото на ЕУ во Москва и редица европски амбасади како одговор на барањата на европските земји да се објави списокот со лица со забрана за влез.

Весникот додава дека Министерството за надворешни работи на Руската Федерација засега го нема потврдено постоењето на листата.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.