Легендарната „Аврора” наскоро се враќа во составот на руската флота

Ремонтот на рускиот крстосувач „Аврора“ наскоро ќе биде завршен и овој легендарен брод повторно ќе влезе во составот на руската воено-поморска флота, изјави началникот на Управата за изградба на бродови на воено-поморската флота на Русија капетан Владимир Трјапичников, пренесува РИА „Новости”.

„Најстариот брод на воената морнарица е на ремонт во Санкт Петербург и во скора иднина повторно ќе влезе во составот на воено-поморската флота. Мораме уште малку да се стрпиме, а потоа ќе го видиме стариот, но моќен крстосувач кој нѐ потсетува на нашата историја“, рече Трјапичников.

Според него, крстосувачот „Аврора”, кој е стар речиси 120 години, нема да учествува во борбени мисии, туку ќе претставува „историски меморијален комплекс”. Трјапичников додаде дека во Јужната област се наоѓа уште еден легендарен брод, „Михаил Кутузов”, кој исто така, по реконструкцијата, ќе стане брод-музеј. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња