Франција ѝ постави на Русија неприфатливи услови за „Мистралите“

Франција на преговорите за „Мистралите“ ѝ постави на Русија апсолутно неприфатливи услови, соопшти за РИА „Новости“ во петокот, 29 мај, извор од сферата на военотехничката соработка.

Франција на преговорите за „Мистралите“ ѝ постави на Русија апсолутно неприфатливи услови, соопшти за РИА „Новости“ во петокот, 29 мај, извор од сферата на военотехничката соработка.

„Фактички преговори не ни почнаа, затоа што Французите поставија услови кои за нас се апсолутно неприфатливи“, изјави неименуван извор за агенцијата. Тој не прецизираше за какви услови се работи, истакнувајќи само дека, помеѓу другото, се зборувало за „укинување на банкарските сметки“.

„Французите затоа не се ни сместија во резервираните соби во хотелот, туку веднаш се вратија во Париз“, изјави изворот.  

Договорот за испорака на два носачи на хеликоптери беше склучен во 2011 година меѓу француската компанија „ДЦНС“ и руската „Рособоронекспорт“. Вредноста на договорот е 1,2, милијарди евра. Првиот брод – „Владивосток“ – требаше да ѝ биде испорачан на Русија во 2014 година, а вториот – „Севастопол“ – во 2015 година. Против испораката на бродовите се изјаснија САД, додека француската компанија тврдеше дека санкциите нема да влијаат на изградбата и испораката на „Мистралите“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња