Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека резултатите на ненадејната проверка покажаа дека борбената готовност на Вооружените сили на Русија е зголемена, пренесува РИА „Новости”.
„Во текот на проверката ја оценувавме можноста за формирање во најкратки рокови на единиците на руската авијација и силите на ПВО на централно-азискиот стратешки правец, како и нивната способност да извршат масовни ракетни напади врз потенцијалниот противник“, нагласи Шојгу.
Ненадејната проверка на борбената готовност на Руското воено воздухопловство и противвоздушната ракетна одбрана на Централната воена област започна на 25 мај. Во неа беа вклучени и делови од авијацијата и ПВО единици на Западната и Јужната воена област, како и органи на воените команди. Во рамките на проверката на полигонот на Астраханската област по итна постапка беа префрлени единици на ПВО на зенитните ракети со своето стандардно оружје. Во рок од 24 часа посадите на над 100 авиони се преселија на оперативни аеродроми. Во проверката учествуваа околу 12 илјади војници со 250 авиони и хеликоптери и околу 700 парчиња различно вооружување и воена техника. Сумирајќи ги резултатите од вежбата, Шојгу рече дека сите задачи биле исполнети, додавајќи дека обуките во зимскиот период, исто така, беа позитивно оценети. Тогаш, како што рече тој, вкупното време кое бродовите го поминаа во поморските маневри изнесувало во просек 27,5 денови, додека посадите на авионите имала по 40 часови летање.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче