Путин: Наш интерес е стабилна и просперитетна Македонија

Претседателот на РФ Владимир Путин ги прими акредитивните писма на 13 амбасадори, меѓу кои и на новиот амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација Гоце Карајанов, пренесува ТАСС.

Претседателот на РФ Владимир Путин им го честиташе официјалното почнување со работа во Русија на 13 нови амбасадори. На церемонијата која традиционално се одржа во Александровската сала на Големиот Кремљовски дворец, шефот на руската држава ги прими нивните акредитивни писма, пренесува ТАСС.

„Вам ви претстои сериозна работа за развој на односите меѓу земјите кои вие ги претставувате и Русија“, им се обрати претседателот Путин на гостите. „Ние сме заинтересирани вашата работа да дава резултати, да служи за понатамошно унапредување на политичкиот дијалог, зголемување на нивото на трговско-економските, инвестициските и хуманистичките контакти“. „Можете да бидете сигурни дека од страна на руското раководство, нашите министерства, институции, општествено-политички и деловни кругови вам ќе ви биде укажана сета неопходна помош и соработка“, потенцираше Путин.

Своите акредитивни писма на претседателот на Русија му ги врачија новите амбасадори на Австрија, Албанија, Литванија, Монако, Саудиска Арабија, Сенегал, Словачка, Филипини, Еквадор, Етиопија, ЈАР, Јужен Судан, како и амбасадорот на Република Македонија Гоце Карајанов.

Претседателот Путин изјави дека Русија ги поддржува напорите на раководството на Македонија за нормализација на ситуацијата во таа земја. „Наш интерес е Македонија да биде стабилна и просперитетна земја“, истакна Путин. Тој потсети дека РФ и Македонија ги врзуваат „длабоките историски корени, културната и духовната блискост“. „Внимателно ги следиме тековните случувања во вашата земја, ги гледаме потешкотиите со кои се судира македонското раководство“, изјави Путин.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња