Лавров: Ќе соработуваме со САД само ако тоа е во наш интерес

Москва не ја отфрла соработката со Вашингтон, но само во сферите во кои Русија го гледа својот интерес, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервјуто за каналот „Русија 2”, а пренесува „РТ“.

„Сигурно нема да заземеме позиција на некакви повредени луѓе, ниту ќе одбиеме соработка. Меѓутоа, нема да соработуваме во одредена област само затоа што тие го сакаат тоа, туку затоа што токму ние ќе имаме полза во конкретната област“, рече Лавров.

Рускиот министер во интервјуто исто така изјави дека светската заедница мора одлучно да се бори против меѓународниот тероризам, независно од тоа во која земја и против која власт делуваат екстремистите.

„Ако си терорист, тоа значи дека си терорист секаде. Ние мораме да го препознаеме заедничкиот непријател, заедничките закани и да не се обидуваме да се прилагодуваме на своите желби во однос на овој или оној режим“, смета Лавров.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња