Експерт: Груевски оди по стапките на Јанукович

Генералниот директор на „Фондот за национална енергетска безбедност“ Константин Симонов смета дека постои конициденција меѓу настаните во Македонија и оние во Украина, пренесува „Взгљад“.

„Веднаш штом Македонија го поддржа овој проект („Турски тек“), веднаш почнаа акции на на опозицијата и упади на Албанците со субверзивни акции. И тоа е многу необична коинциденција“, смета генералниот директор на „Фондот за национална енергетска безбедност“ Константин Симонов, пренесува „Взгљад“.

„На Балканот се зборува за тоа дека Америка донела одлука да го симне Груевски од власт, а тоа значи дека тој ќе биде принуден да биде попретпазлив и повнимателен“, истакнува Симонов. „Но, во суштина ние знаеме дека не се работи ниту за власта на земјата, ниту за Брисел. Иницијативата треба да ја преземат бизнис круговите кои се заинтересирани за овие проекти. Сепак тоа треба да градат деловните компании. Тие треба и да предложат проект во кој се подготвени да вложат пари. И потоа со тој проект треба да се отиде во Брисел на договор“.

Очигледно е дека Америка делува против овој проект, смета експертот. Но, додава тој, има време. Останаа уште четири и пол години до најавениот прекин на транзитот преку Украина. „Но Европа исто така треба да сфати дека постои реална шанса во 2020 година едноставно да остане без гас“, истакна политикологот.  

Симонов притоа повлекува паралела меѓу она што денес се случува во Македонија и она што се случи во Украина, кога претседателот Виктор Јанукович почна да им излегува во пресрет на демонстрантите на Мајдан и на крајот беше принуден да ја напушти земјата.

„Сето тота е технологија за реализација на еден план. Не е случајно тоа што многумина, во текот на случувањата во Украина, се сетија на обоените револуции на Балканот и во Грузија. Матрицата е многу слична: младински организации, опозиција, јавни акции. Затоа  ситуацијата со гасоводот може да се доведе во врска со овие акции. Јас дури прочитав и статија во која се наведени зборовите на еден локален политиколог. Тој рече: „Кај нас на Балканот луѓето одамна на ѝ се потсмеваат на конспирологијата“. Тоа дека нешто некаде можеле да организираат Американците веќе не е од сферата на конспирологијата, туку веќе изгледа сосема веројатно“, заклучува Симонов. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња