Блатер: Светот ќе стане подобар ако Светското првенство во фудбал се одржи во Русија

ФИФА, најверојатно, би имала помалку проблеми кога светските првенства во фудбал 2018 и 2022 година не би се одржувале во Русија и Катар, изјави претседателот на ФИФА Сеп Блатер, пренесува „Взгљад“.

ФИФА, најверојатно, би имала помалку проблеми кога светските првенства во фудбал 2018 и 2022 година не би се одржувале во Русија и Катар, изјави претседателот на ФИФА Сеп Блатер, пренесува „Взгљад“.

„Нашите пароли за фудбалот и ФИФА зборуваат за развој. Двапати ги именувавме и потврдивме местата на кои ќе се одржуваат светските првенства 2018 и 2022 година. Доколку на 2 декември 2010 година овде во Цирих беше донесена одлука двете првенства да се играат во некои други земји, најверојатно ќе имавме помалку проблеми. Меѓутоа, тоа е веќе историја. За да може светот да стане подобро место потребно е нешто да се работи“, рече Блатер.

Тој додаде дека ќе ја признае одговорноста за случувањата во ФИФА, но и дека ќе го брани угледот на организацијата. Во текот на отворањето на 65. Конгреса на Меѓународната организација на фудбалски асоцијации Блатер истакна дека транспарентноста и борбаа против корупцијата се основните прашања на овој настан. На конгресот ќе биде избран претседател на ФИФА, а за ова место конкурираат Блатер и јорданскиот принц Али Бин Ал Хусеин.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.