„Кремљ упорно работи на тоа да ги поткупи и придобие европските политички сили така што ги финансира и десните и левите партии ширум Европа“, изјави потпретседателот на САД Џозеф Бајден во средата, 27 мај, во Бруклинскиот институт во Вашингтон, пренесува агенцијата „Блумберг“.
Потпретседателот на САД додаде дека владата на Владимир Путин користи „хибридна војна“ за да го прошири своето влијание во Европа надвор од Украина.
Според мислењето на Бајден, потезите спрема Украина Русија ги оправдува „хиперагресивната руска пропагандна машинерија, која е финансирана од државата и која активно шири дезинформации и го прави тоа многу добро“. Тој објасни дека „ако Кремљ успее на истокот на Украина да создаде своја територија, тоа само ќе ги разгори неговите амбиции во регионот“.
Кон крајот на април Бајден му вети на претседателот на Украина Петро Порошенко дека Америка ќе ѝ даде на Украина кредитни гаранции за 1 милијарда долари финансиска поддршка.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче