Србија, поранешниот потенцијален учесник во нереализираниот проект за изградба на гасоводот „Јужен тек“, изјави подготвеност да се приклучи на проектот за изградба на гасовод од Азербејџан, за кој лобираат САД и ЕУ.
„Подготвени сме да ги диверзифицираме изворите за испорака на гас за Србија, што е многу важно исто така и за нашите американски пријатели“, изјави премиерот на Србија Александар Вучиќ во интервју за „Асошиејтед Прес“ пред својата прва посета на Албанија.
Како што пишува изданието, Србија ќе го прифати апелот на САД за намалување на зависноста на земјата од руски гас со тоа што ќе се приклучи на проектот за изградба на гасовод од Азербејџан до Европа, кој ја има поддршката од САД (гасоводите ТАНАП преку територијата на Турција и ТАП – преку Грција до Италија, по дното на Јадранското море).
„Ова не се однесува на балансирање, нашата стратешка цел е патот во ЕУ и ние имаме цврсти намери на тој пат“, изјави премиерот Вучиќ, додавајќи дека Србија сака да ги задржи односите со Русија.
„Што има лошо? Јас не гледам ништо лошо. Ние не зборуваме дека сакаме да заземеме нечија страна, нашиот избор е патот во ЕУ, нашата страна е Србија. Јас го кажав ова во присуство на Владимир Путин, на прес-конференцијата. Дали познавате уште некој кој би го кажал ова исто толку искрено како што направив јас?“, изјави шефот на владата на Србија.
Како што пишува АП, Вучиќ исто така рекол дека добрите односи со Вашингтон се многу важни на патот на Србија во ЕУ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче