Претседателот на Русија Владимир Путин ги означи како тајна податоците за загубите меѓу руските војници во текот на специјалните операции во мирнодопски услови.
Овој претседателски указ е објавен на официјалниот интернет портал за правни информации, а пренесува „Лента.ру“. Претходно како државна тајна беа карактеризирани само податоците за воените жртви кои настрадале во тек на воени судири.
Со истиот указ Путин ги означи како тајна и податоците за лицата кои тајните служби и правните органи ги проучувале за да остварат со нив соработка на доверливи проекти, поврзани со разузнавачка и контраразузнавачка активност. Претходно како тајна беа означени само информациите за лицата кои веќе биле вклучени во ваква соработка.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.