Порошенко: На Русија не ѝ требаше Крим, туку цела Украина

Според мислењето на украинскиот претседател Петро Порошенко, руските власти сакаат Украина да биде „слаба, дестабилизирана земја со дискредитирани европски вредности и европски идеи“, пренесува „Комерсант“.

Според мислењето на украинскиот претседател Петро Порошенко, руските власти сакаат Украина да биде „слаба, дестабилизирана земја со дискредитирани европски вредности и европски идеи“. Тој го изјави ова во четвртокот, 28 мај, на Киевскиот форум за безбедност, пренесува „Комерсант“.

Порошенко изјави дека на Русија „не ѝ требаше Крим, туку цела Украина, слаба, дестабилизирана, со дискредитирани европски вредности и европски идеи, со дискредитиран народ кој во себе најде сила да се крене и да го започне Евромајданот и на тој начин да ги покаже најдобрите европски, човечки и морални особини, кревајќи ја револуцијата на Достоинството“.

Според зборовите на претседателот на Украина, потезите на Русија, која е постојана членка на Советот за безбедност на ООН, покажаа дека старите форми за одржување на безбедноста во светот, воспоставени по Втората светска војна, повеќе не функционираат. Токму затоа, истакна Порошенко, Киев го поставува прашањето за воведување мировни сили во Донбас.

Украинскиот претседател исто така истакна дека Киев се обидува „да ја доведе Русија до преговарачка маса“. Тој, меѓутоа, не појасни на какви преговори притоа мислеше.

Во текот на Киевскиот форум за безбедност беа упатени и остри пораки до раководствата на самопрогласените Донецка и Луганска Народна република. „Ние треба да гарантираме чесно и транспарентно изјаснување. Ќе водиме дијалог со Донбас. Но со друг Донбас, со украински. Откако таму ќе бидат одржани чесни избори“, изјави Петро Порошенко. Премиерот на Украина Арсениј Јацењук потврди: украинската влада има намера да комуницира само со „легално избрани претставници на Донецк и Луганск“. Со сегашните раководства на Донецката и Луганската Народна Република Јацењук, според неговите зборови, ќе биде подготвен на разговор дури откако тие ќе бидат зад решетки.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња