Поранешен претседател на ФИФА смета дека Светското првенство 2018 треба да се префрли од Русија во Велика Британија

Поранешниот претседател на ФИФА Ленарт Јохансон, коментирајќи го скандалот по повод апсењата за корупција во ФИФА, повика Светското првенство 2018 да се префрли од Русија во Велика Британија.

Поранешниот претседател на ФИФА Ленарт Јохансон, коментирајќи го скандалот по повод апсењата за корупција во ФИФА, повика Светското првенство 2018 да се префрли од Русија во Велика Британија.

„Не сум изненаден од она што се случи. Блатер ќе стори сѐ на свој начин повторно да биде избран за претседател на ФИФА. Жално е што на чело на најголемата спортска федерација се наоѓа таков човек“, изјави Јохансон.

„Сметам дека одлуката Светското првенство 2018 да се одржи во Русија, а 2020 во Катар, ќе биде преиспитана. Англија не била домаќин на светско првенство од 1966 годна, а таа се смета за татковина на фудбалот. Таа заслужува да ѝ се обрне внимание“, изјави Јохансон, а пренесува „Спортс.ру“, повикувајќи се на „Ројтерс“.

Во средата, 27 мај, беше соопштено дека во Швајцарија по налог на САД се уапсени неколку високи функционери на ФИФА поради сомнение дека учествувале во корупција при изборот на домаќин на Светското првенство во фудбал. Тие ќе им бидат испорачани на САД.

Официјалниот претставник на МНР на Русија Александар Лукашевич изјави дека апсењето на високопозиционираните функционери на ФИФА предизвикува голем број прашања. Се работи за уште еден случај за незаконска примена на американското законодавство, смета Лукашевич .

Претходно главниот обвинител на САД Лорета Линч соопшти дека шесте функционери обвинети за корупција во ФИФА се согласиле да вратат незаконски стекнати 150 милиони долари. Според нејзините зборови, во ФИФА во текот на изминатите 19 години се земени над 10 милијарди долари мито. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња