Мнозинството граѓани на Русија (86%) се задоволни од работата на претседателот Владимир Путин. Ова е резултатот од истражувањето на „Левада центар“ спроведено во мај, а пренесува „Интерфакс“.
Според податоците на анкетата, ситуацијата остана непроменета во однос на април. Политиката на рускиот претседател не ја одобруваат само 13% Руси, додека секој стоти испитаник немаше одговор на ова прашање.
Од работата на премиерот Дмитриј Медведев се задоволни 63% граѓани, што е за 3% помалку отколку во април.
Русите ја оценија и руската влада - 59% ја поддржа работата на владата на РФ. Руската дума доби помалку симпатии: 49% испитаници се задоволни од нејзината работа, додека 50% анкетирани дале негативна оценка.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче